Попладнево во Втората македонска фудбалска лига беа одиграни натпреварите од 24-тото коло.
По оваа рунда има нов лидер, а тоа е тимот на Башкими кој има ист број на бодови како и досегашниот Македонија Ѓорче Петров.
Ова откако Ѓорчепетривци денеска освои само вод на гостувањето во Гевгелија каде со Кожув одиграа без голови 0-0. Башкими пак беше убедлив во Каменица и ја совлада Саса со 5-0.
Трето рангиран, со два бода помалку, е Арсими кој денеска славеше над Скопје во Автокоманда. Тимот од Чегране сега има и три бодови повеќе од Брегалница која е четврта. Штипската екипа денеска загуби во Неготино од Вардар.
ВТОРА ЛИГА – 24.КОЛО
КОЖУФ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
КАМЕНИЦА САСА – БАШКИМИ 0-5
СКОПЈЕ – АРСИМИ 0-2
ВАРДАР НЕГОТИНО – БРЕГАЛНИЦА 1-0
ДЕТОНИТ – БОРЕЦ 2-0
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 0-0
НОВАЦИ – ПОБЕДА 0-0
ВАРДАРСКИ – ОХРИД 3-0
ТАБЕЛА: Башкими 53 бода, Македонија ЃП 53, Арсими 51, Брегалница 48…
 
             
		