Вечното дерби, 176-то по ред меѓу Црвена Звезда и Партизан го добија домаќините со 2-1.
На стартот од плеј-офот во српската Суперлигата, црвено-белите со два брзи гола во финишот славеа победа со пресврт со 2-1.
Да дуелот одигран на стадионот „Рајко Митиќ“ двата тима одиграат отворено, напаѓачки, со желба за победа и повеќе шанси.
Во првиот дел Партизан создаде гол предност откако во 39.минута, Калула ја искористи грешката на домашниот голман.
Црвена Звезда беше решена да стигне до трите бода, постојано притискаше и создаваше шанси. Максимовиќ од пенал во 84-тата и Дуарте во 87.минута беа стрелци на головите за победа на Црвена Звезда од 2-1.
Тоа беше 70-тата победа на црвено-белите во вечното дерби против црно-белите.





































