Екипите на Шкендија и Струга Трим Лум одиграа по едно добро полувреме во првиот полуфинален меч во Купот на Македонија.

Во Тетово пред празни трибини, шампионот Струга со пресврт во вториот дел славеше победа со 1-2.

Во 36-тата минута Рамадани директно од корнер го изненади Ќосевски, за водство на Шкендија од 1-0. Со тој резултат се замина и на одмор.

Во вториот дел гостите направија пресврт и важна побефда.

По само осум минути игра (53) гостите израмнија. По долго упатената топка, Нигериецот, Укпа одлично се снајде и го постигна голот на 1-1. До дополнително ги мотивира стружани кои притиснаа кон голот на домаќине.

Таквата игра донесе и ефект, кога во 87.минута Радески беше стрелец на голот за победа на Струга со 1-2.

Реваншот во Струга е закажан за 23 април (16 часот).