Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Макеоднија денеска ја чека нов настап.
Во рамките од 3.коло од „Ц“ сегментот на Лигата на Нациите, најдобрите македонски фудбалерки гостуваат на Косово.
Тоа е натпревар од шестата група во која Македонија досега претрпе два порази и тоа на домашен терен. Првиот токму од утрешниот противник Косово, селекција од која загубивме со 0-4. Пред три дена пак, нашите фудбалерки несреќно загубија од Летонија со 1-2.
Натпреварот меѓу Косово и Македонија ќе почне од 14 часот.





































