Судиската организација при ФФМ, денеска излезе со анализа на арбитражата на изминатото коло (26-то) во Првата лига.
Констатирани се дузина на грешки на судиите (главни и помошници) на три натпревари.
Неоправдано доделени и не доделени црвени картони, не признат чист гол, се дел од грешките кои ги направиле Грујовски, Стоијаноски, Илијоски и Качески.
На дуелот во Струга. Неоправдано е исклучен фудбалер на Пелистер, а домашен играч не заработил црвен картон иако требало да му биде покажан.
На дуелот Беса – Гостивар на кој беа досудени неколку пеналеи за домаќинот, неоправдано е исклучен гостинскиот фудбалер.
Кавадарчани беа во право кога во му се лутеа на судијата Качевски. Тој им поништи чист гол во дуелот со Шкендија во 45.минута при резултат 0:0.
Останува прашањето.
Што имаат екипите од санкциите на судиите!? Дел од нив веќе (можеби) загубиле важни бодови, кој за опстанок, кој за титула, итн, итн… Од друга страна, некои дебело (ќе) профитираат.
Воедно Судиската комисија ќе мора, да биде уште по транспарентна, па извештаи од секое коло да ги објавува јавно. Впрочем тоа не беше случај за секое изминато коло, како што тоа се правење, во не така далечното минато.
Извештајот Судиската комисија може во целост да го прочитате на веб страната на ФФМ (овде).
Во продолжение само дел од заклучоците на Судиската организација, како и детално објаснување со ВИДЕО за ситуациите (подготвено: МФЛ.МК)
Струга Трим Љум – Пелистер (4:1)
Главниот судија Александар Грујовски погрешил и е оценет со слаба оценка, 7.9 за направените пропуст во 36. минута при резултат 0:0. Истата оценка ја доделува контролорот Горан Спиркоски и за четвртиот судија Маријан Стојановски за доделениот втор жолт картон во 45+4. минута.
Беса – Гостивар (2:1)
Главниот судија Влатко Илијоски неоправдано доделил црвен картон за гостинската екипа и поради тоа е оценет со слаба оценка, 7.9 од контролорот Александар Ставрев. Спорниот момент е во 55. минута при резултат 0:0.
Тиквеш – Шкендија (0:1)
Контролорот Дејан Јакимовски со многу слаба оценка, 7.5 ја оцени арбитражата на Јован Качески за трите спорни моменти на штета на ФК Тиквеш




































