Женската тениска репрезентација на Македонија е во Ларнака, Кипар каде ги игра натпреварите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК купот).

Македонските тенисерки стартуваа со победа во дуелите, а за тоа се погрижи Магдалена Стоилковска

Во првиот меч од 1.коло на Ц групата против Јужна Африка, Стоилковска ја победи Дона ле Ру со 2-0 во сетови. Во мечот што траеше само 40 минути, нашата тенисерка на противничката и препушти само три гема и тоа во првиот (6-3). Во вториот Магдалена одигра перфектно и го доби со убедливи 6-0.

Во вториот меч, во сингл конкуренција, Лина Ѓорческа за противника ќе ја има Марилуиз Ван Зил.

Во оваа група, Македонија ќе игра и против селекциите на Норвешка која е носител и Косово.