Со петте одиграни натпревари попладнево комплетирано е 26-тото коло во Првата македонска фудбалска лига. Водечкиот тандем на табелата Шкендија и Силекс забележаа нови победи.

Лидерот тетовска Шкендија славеше на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 0-1. Иако тетовци натпреварот го завршија со играч помалку сепак се радуваа на победа. Гостите од 65-минута играа со фудбалер помалку, но четири минути подоцна Љатифи беше стрелец на голот за победа на Шкендија.

Во Охрид, тимот на Воска спорт се до 85-тата минута имаше водство во дуелот со Силекс, но кратовци на крајот се радуваа со 1-2.

Воска спорт поведе во 10.минута со голот на пенал кој го реализира Адеми. Во продолжението Силекс постојано притискаше кон голот на охриѓани. Таквата игра вроди со плод во самата завршните. Во 85-тата стигна израмнувањето преку Николиќ, а во втората од судиското дополнување и евроголот на Донов и победата од 1-2

На натпреварот во Струмица каде АП Брера го пречека Вардар победа славеа гостите со 0-2.

Двата гола беа постигнати во вториот дел. Во 61.минута по долгата акција на вардарци, капитенот Закариќ му донесе водство на Вардар. Стрелец на вториот гол за Вардар беше

Снежното време и трите досудени пенали да домаќините го одбележаа локалното гостиварско дерби во кое Беса го совлада Гостивар. Домаќините односи Каланоски во 37.мунута не реализира пенал. Сепак, втората шанса домаќините ја искористија. Во 54-тата минута по стартот на Мбенде, беше досуден нов пенал за Воска, а гостинот фудбалер заработи црвен картон. Овојпат Селмани ја изведе најстрога казна и му донесе водството на домашниот тим. Во 72-рата минута, беше досуден и третиот пенал за Беса кој го реализираа Шефити. Гостивар до крајот само го ублажи поразот на 1-2 со погодокот на Каланоски.

Натпреварот одигран во Чаир каде Шкупи беше домаќин на Работнички заврши без голови 0-0.

Подесување дека вчера во првиот меч од ова коло, шампонот Струга ТЛ со 4-1 го совлада битолски Пелистер.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА