Во ракометниот плеј оф од Супер лигата денеска на програмата се два натпревара, додека во плеј аутот се игра еден дуел. Шампионот Еурофарм Пелистер го очекува тешко гостување кај екипата на Охрид, но првакот е апсолутен фаворит бидејќи до крајот на сезоната му остануваат само „домашните обврски“ и за очекување е тимот предводен од репрезентативците Кузмановски и Митревски, за оствари уште една победа.
Во Автокоманда ќе гостува кавадаречки Тиквеш, екипа која знае да биде незгоден ривал за секој противник, но тимот на Алкалоид поради домашниот терен, меѓусебниот биланс (седум победи и една нешешена) ја има фаворитската улога. Секако најголема задача за тренерот Кирил Лазаров, како да ја задржи свежината во редовите на неговите играчи кои продолжуваат да се натпреваруваат на „три фронта“, а дополнително репрезентативците имаат и обврски за националниот тим.
Вчера во првиот натпревар од оваа рунда Вардар го совлада Бутел со 35:26.
Во плеј аутот во Велес ќе играат Фруит Ленд Борец и Радовиш. На вчерашните дуели победи за домашните екипи: Прилеп – Пролет 23:20 и Струга – МРК Куманово 26:24.
ДВОЈКИ 2.КОЛО ПЛЕЈ ОФ
АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ (почеток 17 часот)
ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (почеток 18 часот)
БУТЕЛ – ВАРДАР 26:35
ТАБЕЛА: Вардар 6 бодови, Е.Пелистер 5, Охрид 3, Алкалоид 2, Тиквеш 1, Бутел 0.
ДВОЈКИ 2.КОЛО ПЛЕЈ АУТ
Ф.Л.БОРЕЦ – РАДОВИШ (почеток 18 часот)
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 23:20
СТРУГА – МРК КУМАНОВО 26:24
ТАБЕЛА: Прилеп 6 бодови, Пролет 5, МРК Куманово 4, Струга 3, Ф.Л.Борец 1, Радовиш 0.





































