Прволигашката фудбалска конкуренција денеска носи пет натпревари од 26-отто коло.
И во оваа рунда ќе има дуели на екипите кои се во трка за титулата и оние што се борат за опстанок. Такви ќе бидат натпреварите во Кавадарци и Охрид каде Тиквеш и Воска ќе го пречекаат лидерскиот тандем Шкендија и Силекс.
Важен, во борбата за титулата, ќе биде и натпреварот во Чаир, каде Шкупи ќе биде домаќин на Работнички.
Сепак најинтересно се очекува да биде во Струмица. Таму претпоследно рангираната екипа на АП Брера го пречекува Вардар.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































