Ракометарите на Вардар ја остварија втората победа во плеј офот од првенството откако попладнево како гостин во СЦ Јане Сандански го совладаа Бутел со 35:26 (18:14). Со овој триумф Вардар повторно до одигрувањето на натпреварот Охрид – Еурофарм Пелистер ќе биде лидер на табелата со шест бодови, додека Бутел без освоен бод остана на шестото последно место на табелата.
Неизвесност на натпреварот имаше само во првите минути кога беше 3-3, за потоа „црвено-црните„ да дојдат до посакуваната предност и брзо стигнаа до позитива од +5 (11:6). На полувреме Вардар имаше предност од четири разлика (18:14).
Во вториот дел ракометарите на Вардар постепено ја зголемуваа предност, која на крајот на дуелот беше +9 (35:26).
Најефикасен на дуелот беше ракометарот на Бутел Филип Николов со 12 голови, додека кај Вардар Маргели постигна 9 голови.
На другите два дуела од 2.коло од плеј офот од Супер лигата утре играат: Охрид – Е.Пелистер и Алкалоид – Тиквеш.





































