Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Струга ќе почне 26-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум го пречека битолски Пелистер кого го совлада со 4-1.

Домаќините поведоа во 22.мимута со голот на Кехинде од пенал. Но нивната радост траеше само осум минути. Имено во 22-та минута Пелистер, исто така од пенал, израмни преку капитенот Ристевски.

Во судиското дополнение на првото полувреме гостите останаа со играч помалку. Судијата Александар Грујоски реши втор пат да му покаже жолт картон на Бошковски и да го прати во соблекувалната.

Домаќините тоа знаеја како да го искористат уште на самиот старт на второто полувреме. Нерешителноста на гостинската одбрана ја казни Влајковиќ за водство на Струга од 2-1. Во 75.минута капитенот Шабани заголеми на 3-1, а конечните 4-1 за стружани ги постави Кехинде со својот втор гол (90+3).

Останатите пет натпревари на програмата се утре, a сите ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА