Во салата „25 Мај“ во Радовиш се одржува завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Кај дамите имаме нов освојувач на Куп пехарот. Тоа е екипата на Наковски волеј која во финалето по голема борба со 3:2 го совлада тимот на Јанта волеј.

Струмичките одбојкарки покажаа голем карактер и борбен дух, па иако во два наврата имаа негатива на крајот се радуваа. Првиот и третиот сет им припаднаа на скопјанки со 16-25 и 10-25, но Наковски се враќаше во игра. Струмичанки го добија вториот сет со 25-18, а четвртиот со 25-21. Тоа како да им даде и дополнителен мотив, па во решавачкиот петти сет славеа со 15-13, за конечни 3:2 и освојување на Куп трофејот.

Во машкото финале кое ќе почне од 19 часот, ќе гледаме реприза на минатогодишното. Одбојкарите на УГД Штип ќе го бранат Куп пехарот, повторно против актуелниот шампион и најтрофеен македонски клуб Струмица.