Дербито на вечерта во НБА лигата се одигра во Хјустон каде гостуваше тимот на ЛА Лејкерс.
Во дуелот на второ и четврто пласираните екипи во Западната конференција, победа славеа гостите. ЛА Лејкерс го добија Хјустон Рокетс со 104:98.
Тројца играчи на победничката екипа постигнаа по 20 поени. На Лука Дончиќ му фалеше еден скок да оствари дабл-дабл, па Словенецот покрај 20 поени имаше и девет асистенции. Доријан Фини-Смит и Гејб Винсент исто така постигнаа по 20 поен. И првиот стрелец на поразениот тим Амин Томпсон постигна 20 поени.
Победничкиот низ го продолжија и екипите на Оклахома Тандер и Бостон Селтик.
Десеттиот триумф во низа го оствари лидерот на западот, Оклахома која славеше над Чикаго убедливо со 145:117.
Домашниот тим постигна дури 23 тројки, а особено расположен беше Ајсаја Џо, кој постигна 31 поен од кои 8 тројки. Шаи Гилгеус-Александер постигна 27 поени со 12 асистенции.
До деветтиот последователен триумф стигна и шампонот Бостон и тоа на на гостувањето кај Мемфис. Селтикси славеа со 117-103.
Кај победниците , Ал Хорфорд одигра одличен натпревар, а го заврши со 26 поени со осум скока, додека Џејсон Тејтум додаде 25 поени и 14 скока. За Мемфис, Џа Морант постигна 26 поени со шест скока и пет асистенции.



































