Со двата одиграни натпревари попладнево во Кавадарци и Куманово, заврши претпоследното коло во Првата машка кошаркарска лига.

На коло до крајот на регуларниот дел, познати се екипите што ќе играат во плеј-офот за титулата и оние што ќе се борат за опстанок.

Победата на ТФТ (66-63) на гостувањето кај Тиквеш, значеше и крај на надежите на кавадарчани за плеј-офот. Тиквеш остана на една победа помалку во однос на Феникс и Чаир кој вечерва загуби од Куманово на гости (97-74).

Така без разлика на резултатите од последното коло, кавадарчани, поради послабиот меѓусебен скор со скопските екипи, неможат до осмото место.

Тикквеш заедно со Гостивар, Шкипи и веќе отпишпаниот Вардар кој нема ниту една победа, ќе разигруваат за опстанок.

За титулата, односно во плеј-офот ќе играат: МЗТ Скопје, Работнички, ТФТ Пелистер, Кожув, МКК Куманово. Феникс и Чаир.