Ракометарите на Алкалоид испишаа нова историја во своето кратко постоење. Со триумфот над романскиот Баја Маре во реваншот од четвртфиналето, Алкалоид избори пласман во ТОП-4 на ЕХФ Европскиот Куп. 

Кирил Лазаров им честита на своите ракометари за овој успех, додавајќи дека во некои сегменти од играта, можат и подобро. 

„На момците сакам за им честитам за сериозноста, пристапот, пожртвуваноста, борбата, што ја прикажуваат и за пласманот во полуфиналето.

Сепак се чувствува во дадени моменти дека ни фали искуство, дека ни фали рутина, за да бидеме подобри.

Сепак сум задоволен од пласманот, но мислам дека треба да тежнееме да играме уште подобро“, изјави Лазаров. 

Време за многу славје и радост нема, бидејќи Алкалоид го чека дуел со Вардар во разигрувањето за титулата во домашното првенство. 

„Среќен сум и задоволен. Може сеуште не ја чувствувам таа среќа, затоа што веќе за неполни два дена ни почнува плеј-офт првенството.

Немаме ниту време да се израдуваме, но тоа е така во професионалниот спорт на високо ниво.

Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, за играчите, за нас и за македонскиот ракомет воопшто. Еден македонски клуб составен од 95% македонски играчи во ростерот, грото од нив млади, се пласира во една европско полуфиналето, тоа ме прави мене горд, а се надевам дека и луѓето од клубот“, истакна Лазаров.