Последниот натпревар од 19.коло во Втората кошаркарска лига меѓу Водно Санс и Ангели не се одигра.

Иако беше закажан за утринава од 11.30 часот, а двата тима беа присутни на теренот, натпреварот не ни започна.

Бизарна, но исправна, е причината за одложувањето на натпреварот. Имено теренот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ бил преполн со лепак. Станува збор за лепилото што го користат ракометарите, а при контактот на топката останува на теренот. Тоа е исклучително опасно за спортистите, па честопати сме сведоци и на повреди од тоа.

Очигледно дека одговорните за одржување на салата, не си ја завршиле работата, па друго решение освен одложување немаше.

Натпреварот е презакажан за утре од 13.30 часот, во големата сала на „Јане Сандански“