Во првиот денешен натпревар од Првата машка кошаркарска лига, екипата на Работнички славеше над Гостивар.

Дуелот од 21,коло иако требаше да се игра во Гостивар, сепак се одигра во Скопје. Поради прокиснување на салата во Гостивар тој беше презакажан во Скопје, а Работнички го доби со 90-79.

Иако првата четвртина гостиварци ја добија со седум разлика (28-21), сепак останатите три им припаднаа на кошаркарите на Работнички. Рамноправно се играше се до средината на третиот период кора резултатот беше израмнет 60-60. Во продолжението Работнички направи две мини серии и поведе со девет разлика. На стартот на последниот период предноста беше и најголеми +13 за тимот од „Градски парк“, кој ја впиша 14-тата победа.

Со неа Работнички е на второто место на табелата, зад МЗТ Скопје кој вчера во воведниот меч беше подобар од Феникс.

Попладнево ќе се одиграат уште два натпревари, а последните два на програмата се утре.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло 28,29,30 март
Сабота / 29 март

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 79-90
17.00 КОЖУВ – ШКУПИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
Петок / 28 март
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А. 77-85

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови, Работнички 35, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Кожув 32, Пелистер 32, Феникс 31, Чаир 30, Тиквеш 29, Гостивар 28, Шкупи 27, Вардар 20.