Фудбалерите на Вардар го совладаа Пелистер среде Битола со 3-1 во вечното македонско дерби.

Бурни реакции по мечот пристигнуваат од Битола, пред се околу арбитражата на натпреварот. Една од многубројните забелешки на адреса на судиите, предводени од Фуркан Идризи, беше пеналот за Вардар.

Тетовецот без размислување покажа на белата во 16-тата минута, по стартот на Стартот на Џуриќ врз Талевски. Но, да биде бесот на домаќините уште поголем, по прегледувањето на видеото, сега и реакција за сомнителна офсајт ситуација, која претходеше на пеналот.

Имено при нафрлувањето на топката од десната страна, Спахиу (број 17), е зад домашната одбрана, а пред голот на Јовчевски.

Нема да зачуди, доколку деновиве се огласат прво Битолчани, а потоа и судиската комисија при ФФМ.