Водечките две екипи во Втората кошаркарска лига, Маџари и Соколи остварија очекувани победи.
Во дуелите од 19.коло двата тима играа пред својата публика. Маџари славеше убелдиво против последно пласираниот Работнички. Дуелот во Штип кој го носеше приматот дерби, го добија домашните Соколи кои го надиграа Црн Дрим.
Важна победа осврти екипите на струмички ФМП во дуелот со вториот состав на МЗТ, по што струмичани останаа во игра за плејофот. Истото го сторија и кошаркарите на Охрид кои славеа во дуелот против Бутел.
Сега останува на Водно Санс со евентуално изненадување утре против Ангели и скопската екипа да остане во трка за осмото место.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
Сабота / 29 март
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 90-60
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 87-80
СТРУМИЦА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 87-70
ОХРИД – БУТЕЛ 84-74
БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ 75-74
Недела / 30 март
11.30 ВОДНО САНС – АНГЕЛИ
ТАБЕЛА: Маџари 35 бодови, Соколи 34, Ангели 32, Црн Дрим 31, МЗТ Скопје У.Б. 29, Бутел 29, Борец баскет 29, Охрид 27, Мега баскет 25, Водно Санс 24, Струмица ФМП 24, Работнички 2018 21.