Откако вчера заврши првиот дел од сезоната во машката ракометна Супер лига, денеска беше извршена ждрепката за разигрувањето.
Во плеј-оф конкуренцијата, односно разигрувањето за титулата, уште во првото коло ќе има дерби. Тоа ќе се игра во Јане Сандански во Скопје, Вардар ќе го пречека Алкалоид. Овој дуел на програмата е веќе на 2 или 3 април (среда/четврток).
Дуелите на вечните ривали, Е.Пелистер и Вардар ќе се играат во петтото и во последното (10) коло. Првиот дуел во Битола ќе играат на 23/24 април, а во Скопје на 7/8 јуни.
Потсетување дека, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер плеј-оф лигата ќе ја започне од првото место на табелата со бод повеќе (3) од конкурентите Вардар и Алкалоид (2).
Со по еден бод ќе продолжат Охрид и Тиквеш, а Бутел ќе стартува од нула (0).







































