Кошаркарите на Тиквеш забележаа важна победа над Вардар ви дуелот од 20.коло на Првата лига.

Натпреварот одигран попладнево во Скопје, гостите од Кавадарци го добија со 94-77, со што остана во трка игра за плеј-офот.

Проблемите со семафорот, поради што имаше подолг прекин во првата четвртина беа надминати, па дуелот се одигра во истата сала.

Иако вардарци натпреварот го отворија со водство од 11-0, првата четвртина гостите ја завршија двоцифрена предност (22-32). На полувреме Тиквеш заминаа со +14 (37-51). Во вториот дел кавадарчани рутинирано, ја одржуваа двоцифрената предност, а на крајот на мечот таа изнесуваше +17 (94-77).

Со оваа победа Тиквеш сега е деветти со 29 бодови, еден повеќе од Гостивар и еден помалку од Чаир и Феникс. Тоа се четирите екипи кои на две кола до крајот ќе се борат за последните две позиции што водат во разигрувањето.

Одамна е јасно дека Вардар ќе разигрува во плеј-аутот, односно за опстанок во прволигашката конкуренција.

Од ова коло останува да се одигра уште дуелот меѓу Работнички и Куманово кој е закажан за утре.