Страшната трагедија што се случи во Кочани ги одложи сите спортски натпревари во Македонија. По седумдневната жалост и тага во која живееше и ќе живее Македонија, спортистите им се враќаат на обврските.
Денеска на програмата се дуелите од 21 коло во Втората македонска фудбалска лига.
Водечкиот квартет на табелата ќе игра на домашен терен. Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу четврто и петто пласираните екипи во кој Арсими ја пречекува САСА Каменица.
ВТОРА ЛИГА – 21.КОЛО денеска ( 15 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАРСКИ
БАШКИМИ – ВАРДАР Н.
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ
АРСИМИ – КАМЕНИЦА САСА
ОХРИД ЛИХНИДОС – ПОБЕДА
БЕЛАСИЦА – НОВАЦИ
БОРЕЦ – ОСОГОВО
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 45 бод, Башкими 45, Брегалница 43, Арсими 39, Каменица Саса 32, Охрид 31…