Откако во јавноста, денеска протече информацијата дека, Данчо Масев спортскиот директор на фудбалската репрезентација на Македонија е приведен, со соопштение се огласи ФФМ.
Од „куќата„ на македонскиот фудбал информираа дека Масев, бил разрешен од функцијата, пред повеќе од една седмица.
„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација.
Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица.
Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.
Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи.
Фудбалска федерација на Македонија нема да коментира повеќе за овој случај.