Kвалификациите за Светското првенство продолжија во Јужна Америка, а со двата синоќешни натпревари беше комплетирано 13-тото коло.
Актуелните светски шампиони Аргентина, без двете најголеми ѕвезди Лионел Меси и Лаутаро Мартинез, славеше го дербито на гости со Уругвај со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Тиаго Алмада.
Со оваа победа „гаучосите“ го потврдија својот пласман на Мундијалот. Tie ќе ја бранат светската титула на првенството во САД, Канада и Мексико. Покрај овие четири земји пласман на првенството веќе обезбеди и Јапонија.






































