Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2026-та година.

Ждрепката одржана во романскиот град Клуж, на Македонија за противници и ги донесе, Германија, Словенија и Белгија.

Македонските ракометарки ќе бидат дел од групата 3, од која двете прворангирани ќе обезбедат пласман на Европскиот шампионат. Ним ќе им се приклучат и останатите први две селекции од другите пет групи, како и четири најдобри третопласирани.

Покрај петте домаќини на првенството: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, пласман на првенството обезбедија и медалистите од претходното, Норвешка, Данска и Унгарија.

Квалификациските натпревари ќе се играат во три т.н. „прозори“. Првиот од 15 до 19 октомври годинава, потоа 4 до 8 март и последниот од 8 до 12 април следната 2026-та година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

  1. коло, Германија – Македонија
  2. коло, Македонија – Словенија
  3. коло, Белгија – Македонија
  4. коло, Македонија – Белгија
  5. коло, Македонија – Германија
  6. коло, Словенија – Македонија