Почитувани, пријатели, читатели и следбеници на нашиот портал

Редакцијата на СПОРТ ПЛУС Македонија, Ве информира дека во наредниот период ќе биде редуциран бројот на објавени информации на нашиот портал.

Трагедијата која денеска се случи во Кочани, во која згаснаа огромен број на млади, детски животи, па и неколкумина активни спортисти, се повеќе од огромна причина за ваквата наша одлука.

Сите национални македонски спортски федерации ги стопираа своите активности, па затоа и ние ќе се приклучиме кон ваквата одлука.

Цениме дека во моментов, Македонија, која е завиена во црно, нема потреба од информации од меѓународен карактер.

Македонската јавност доволно е обременета со актуелните сложување, па било каква друга информација, е излишна.

За време траењето на деновите на жалост кои претстојат, СПОРТ ПЛУС Македонија, ќе споделува само кратки информации поврзани исклучиво за македонскиот спорт.

Редакцијата на СПОРТ ПЛУС Македонија изразува безмерно сочувство до фамилиите, на трагично погинатите млади луѓе во оваа несреќа.

Нека им е светол патот во царството Божје, нека почиваат во мир.