Осумнаесеттата рунда се игра викендов во Втората машка кошаркарска лига.
Водечкиот тандем на табелата, Ангели и Маџари во ова коло имаат локални гостувања во Скопје. Тие ќе играат утре на терените на МЗТ Скопје УБ и Водно Санс тимови кои се во борба за местата што водат во разигрувањето.
Денеска пак екипата на Соколи која по двата врзани порази од ривалите, падна на третото место на табелата играат пред своите навивачи. Штипските Соколи рехабилитација ќе бркаат во дуелот со струмичката екипа на ФМП. И за гостите двата бода се императив доколку сакаат да останат во игра за плејофот.
Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
Сабота / 15 март
18.00 СОКОЛИ – СТРУМИЦА ФМП
20.00 БУТЕЛ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела / 16 март
13.00 ВОДНО САНС – МАЏАРИ
13.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ОХРИД
15.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ
15.30 ЦРН ДРИМ – МЕГА БАСКЕТ
ТАБЕЛА: Ангели 31 бодови, Маџари 31, Соколи 30, Црн Дрим 27, Борец баскет 26, МЗТ Скопје У.Б. 26, Бутел 25, Охрид 23, Водно Санс 23, Мега баскет 23, Струмица ФМП 21, Работнички 2018 19.