Шампионот МЗТ Скопје Аеродром впиша уште една победа во Првата македонска кошаркарска лига.
Вечерва пред својата публика во „Јане Сандански“ МЗТ го доби дербито со ТФТ со 74-68.
Првиот период домашниот тим го одигра одлично и веќе создаде девет поени предност 20-11. Во вториот период, аеродромци имаа и 14 поени предност., Сепак гостите од Тафталиџе почнаа нешто повеќе да погодуваат од игра. Ја доби ТФТ четвртината (17-18), но на одмор МЗТ замина со плус осум (37-29).
Во второто полувреме. Повторно МЗТ беше тимот кој речиси константно имаше двоцифрена предност. Тоа благодарение на лошата реализација и шутот од поле на ТФТ.
Најефикасен играч во победничката екипа беше Едвин со 23. Двоцифрени кај МЗТ беа и Војдан Стојановски со 12 и Андреј Маслинко со 11 поени. Во поразениот тим, прв стрелец беше Зафиров со 15 поени.
Со оваа победа МЗТ Скопје сега е сам на врвот на табелата со 34 бодови, еден повеќе од ТФТ, а два од Кожув кој денеска славеше против Феникс. Денеска се одигра и дуелот Шкупи – Гостивар кој домаќините го добија со 90-79.
За вечерва од 20.30 часот, закажан е и дуелот Чаир – Пелистер. Останатите два натпревари ќе се играат утре.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20 коло
Сабота / 15 март
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР од 20.30 часот
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 74-68
ФЕНИКС – КОЖУВ 72-88
ШКУПИ – ГОСТИВАР 90-79
Недела / 16 март
17.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
19.30 РАБОТНИЧКИ – МКК КУМАНОВО
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 бодови, ТФТ 33, Кожув 32, Работнички 31, МКК Куманово 31, Пелистер 30, Феникс 30, Чаир 29, Тиквеш 27, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 19.