Во воведниот натпревар од 20.коло на Првата машка кошаркарска лига екипата на Кожув славеше на гостувањето кај феникс.
Дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ гостите од Гевгелија го добија со 80-72.
Израмнето се играше во текот на целиот натпревар, а ниту една од екипите не оствари двоцифрена предност. Решавачки беа завршните четири минути во кои гевгеличани направија серија од 0-11.
Андрија Стевановиќ со 20 поени беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничкиот тим за кој, Пилепиќ постигна 19, а Колев 18 поени. Во тимот на Феникс по 12 поени постигнаа Бертранд и Шепард, а еден помалку Тимоти, Марфи и Димитриев.
Кожув барем за момент сега е на второто место на табелата, со ист број на бодови како МЗТ Скопје и ТФТ кои попладнево ќе играат меѓусебно.