По еднонеделна пауза поради репрезентативни обврски, продолжува женската ракометна Супер лига.

Сите натпревари се закажани за денес, а дербито на колото во плејофот ќе го одиграат Металург Автокоманда и Куманово. Овој возбудлив дуел ќе се одигра во салата Автокоманда.

Екипата на Чаир има лесен противник во ова коло и ќе го пречека тимот на Астибо во салата „7-ми Март“.

Возбудлив натпревар се очекува да биде и дуелот меѓу Ѓорче Петров и Вардар. Домаќинот влегува како фаворит, но Вардар сигурно нема да се предаде без борба.

На програмата во плеј-аутот ни се закажани исто три натпревари.
Стружанка ќе го пречека Спартак во Струга, додека Овче Поле ќе гостува кај Пелистер во Битола. Последниот дуел од ова коло ќе го одиграат Деспина и Шампион во спортската сала „Антон Димитров“.

Сабота / 15 Март
ПЛЕЈ-ОФ

14.00 АСТИБО – ЧАИР
15.30 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
17.00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПЛЕЈ-АУТ
17.00 СТРУЖАНКА – СПАРТАК
18.30 ПЕЛИСТЕР 2012 – ОВЧЕ ПОЛЕ
19.30 ДЕСПИНА – ШАМПИОН

Ивона Кимовска