Без победник заврши првиот натпревар од 24.коло во Првата македонска фудбалска лига. На натпреварот одигран попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Вардар и Шкендија одиграа 1-1.

Вардарци први се заканија во 20-тата минута. Обидот на Спахиу од слободен удар за малку заврши крај голот на тетовци. Затоа пак во 21.минута тетовци поведоа. Еврогол постигна Решат Рамадани. Но предноста на гостите не траеше долго. Се играше 24.тата минута кога Спахиу ја искористи заспаноста на гостинската одбрана за израмнување на 1-1.

На почетокот на второто полувреме гостите беа поофанзивни, но благодарение на двете одлични интервенции на вардаровиот голман Талески резултатот остана не променет.

Вардарци се заканија преку Талески чиј удар беше лесен плен за гостинскиот голман. Јалови беа сите останати обиде на двата тима па резултатот остана 1-1.

Утре од 15 часот на програмата се останатите пет натпревари, а двојките се:

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА