Американскиот тим Интер Мајами обезбеди четвртфинале во КОНКАКАФ лигата на шампиони.
И во реванш дуелот против тимот на Кавалер од Јамајка, составот на Интер Мајами славеше со 2-0.
Стрелци на головите за екипата од Флорида беа, Луис Суарез од пенал во 37.минута) и Лионел Меси во судиското дополнение (90+2).
Во четвртфиналето Интер Мајами за противник ќе го има американскиот ривал Лос Анџелес.