македонската машка младинска репрезентација за ракометари до 21 година одигра нерешено против полските врсници.

Во рамките на ЕХФ неделата, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ гостуваат во полскиот град Олецко.

Во првиот од двата предвидени натпревари, македонските младинци одиграа „реми“ 24-24 со домаќинот Полска. Утре нашите младинци ќе играат против селекцијата на Алжир.

На овој мини турнир македонија е без неколкумина стандардни репрезентативци, кои беа повикани во сениорската репрезентација.

Инаку овие натпревари треба да послужат за воигрување на репрезентацијата за настапот на младинскиот Светско првенство, што летово ќе се одржи во Полска.