Втор пораз за македонската ракометна репрезентација во квалификациите за ЕП 2026. Во Скопје, селекцијата на Македонија загуби од Словенија со 32:26.
Одличен почеток имаа македонските ракометари со расположен напад и цврста одбрана. Во нападот ефикасни беа Кузмановски и Митев, а по цепелинот на крилата Костески и Цвентаноски вториот погоди за 8:3. Одбраната го запре противникот на само три гола за десет минути. Брзо Македонија стигна и до +6 (10:4 и 11:5). До крајот на првиот дел судиите од БиХ браќата Коњичанин имаа неколку чудни одлуки пред се не досудени седмерци за Македонија, а тоа го искористи словенечката репрезентација и намали на 16:15 на полувреме.
Од првиот напад во вториот дел Словенија за првпат изедначи на 16:16. Со голот на Влах во 38.минута Словенија го имаше првото водство 19:18. Од нашата клупа повторно имаше реакции на судиските одлуки, а потоа почнаа и грешките во нападот кај македонскиот тим. Словенија поведе со 22:20. Падот во играта на македонската репрезентација го искористи противникот за нови два бода. Сепак во финишот имаше возбудувања откако Кузмановски постигна три гола во серија за да намали на 25:27.
Кузмановски кај Македонија со 10 голови беше најефикасен (7 во прво полувреме), додека 10 за Словенија постигна Алекс Влах.
Следниот натпревар Македонија го игра на гости во Копер против Словенија на 16.март – недела.