Дерби дуелот од 23.коло во ПМФЛ, меѓу Силекс и Вардар донесе нова драма. Кратовци беа пред триумф со играч помалку, а Вардар се спаси од пораз со гол во петата минута од судиското допопчнение.

Натпреварот започна со задоцнување од 30.минути поради доцнење на гостинската екипа (дупната гума на автобусот).

Лошата интервенција на вардаровиот голман Талевски ја искористи Босанецот, Алиќ и му донесе водство на Силекс од 1-0.

Во 39.минута по корнерот од левата страна, малку недостасуваше домаќините да постигнат и втор гол.

Во петата минута од судиското дополнение на првиот дел кратовци останаа со играч помалку. По стартот на Илија Донов над Маневски, главниот судија Бењамин Керими прво покажа жолт картон, но се премисли, па покажа црвен. Оваа одлука на Керим, остана нејасна за најголемиот дел од јавноста, па во оваа ситуација разбирлива беше реакцијата на домаќините.

Предноста од играч повеќе како и водството на Силекс, придонесе Вардар во вториот дел да игра поактивно. Напаѓаа вардарци, но јалово бидејќи домашниот тим умешно се бранеше. И кога сите очекуваа крај, во 95.минута, киксот на домашната одбрана го казни Омерагиќ. Веднаш потоа судијата Керими означи крај на натпреварот за конечни 1-1.

Силекс останува втор на табелата со 45 бодови, сега четири помалку од лидерот Шкендија и еден повеќе од трето пласираниот Гостивар. Вардар скокна на осмото место со 21 бод, колку што има и АП Брера на деветтото.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА