Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се одиграат пет од шесте натпревари од 23-тото коло.
Дерби дуелот ќе се игра во Кратово каде Силекс ќе го пречека Вардар.
Дуел на овие ривали доаѓа само десет дена по нивната пресметка во Купот која им припадна на вардарци. По него имаше низа на реакции од двата клуба, но и ФФМ, за и околу арбитражата. Страстите сигурно се подгреана, а бодовите и тоа како важни, па во Кратово очекуваме жесток фудбал.
Во сенка на овој натпревар ќе минат останатите четири во кои сите екипи ги посакуваат бодовите, кој во трка за висок пласман, а други во борба за опстанок.
Колото ќе биде заокружено утре со дуелот Работнички и Тиквеш.
Сите натпревари почнуваат од 14 часот и може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА