Попладнево во Втората македонска фудбалска лига беа одиграни натпреварите од 20-тото коло. Екипата на Македонија Ѓорче Петров одигра без голови во Каменица против Саса, а тоа го искористија нејзините конкуренти.

Тимот на Башкими славеше над Охрид пред своите навивачи, па сега се израмни со Македонија ГП со ист број на бодови на првите две позиции на табелата.

Два бода помалку има штипска Брегалница која во Кочани го победи Осогово. Гостински триумф славеше и четврто рангираниот Арсими кај Новаци.

Најефикасниот натпревар го одиграа Скопје и Детонит Плачковица, а дуелот со четири гола заврши без победник.

ВТОРА ЛИГА 20.КОЛО

КАМЕНИЦА САСА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
БАШКИМИ – ОХРИД 3-0
НОВАЦИ – АРСИМИ 0-2
ВАРДАР Н. – КОЖУФ 0-2
СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-2
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1-2
ВАРДАРСКИ – БОРЕЦ 2-0
ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 0-1

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 45 бодови, Башкими 45, Брегалница 43, Арсими 39, Саса Каменица 32, Охрид 31..

ФОТО: Matejcho