Одбојкарска федерација на Македонија заедно со општина Радовиш како технички организатор од 3 до 5 април во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Купот во машка и женска конкуренција.

„Финале пред финалето“ донесе ждрепката за полуфиналните парови од завршниот турнир од Купот на ОФМ во женска конкуренција.

Одбојкарките на Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ ќе се соочат во второто полуфинале кај дамите, закажано за в петок (4 април) од 19 часот. Судејќи според досегашните меѓусебни дуели ќе биде едно од највозбудливите натпревари во салата „25 Мај“ во Радовиш.

Претходно, во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочат Наковски Волеј и Фит Фан Волеј. Патот до титулата во женска конкуренција е отворен, откако бранителот на трофејот Струмица жени беше елиминиран во осминафиналето.

Тридневната куп-програма стартува ден порано, на 3 април, кога се играат машките полуфиналиња.

Во првото полуфинале бранителот на пехарот Штип УГД ќе се соочи со Работнички 71&22 од 16 часот, додека Струмица 47&72 ќе игра со Борец во второто полуфинале од 19 часот.

ОДБОЈКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА 2025

ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025)
ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 16:00ч.
СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ 19:00ч.

ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 16:00ч.
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 19:00ч.

САБОТА (05.04.2025)
ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч.
ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч.