Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски успеа да се пласира за утрешното финале на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Апелдром, Холандија. Тој вечерва во третата серија од квалификациите оствари скок со должина од 7.85 метри што е негов најдобар резултат сезонава во сала и воедно како седмопласиран избори учество во финалето. Скокот беше прецизен и одразот на Трајковски беше на 0,7 сантиметри од линијата.

Во првата серија македонскиот атлетичар имаше скок со должина од 7.51 метар, додека во втората имаше скок со должина од 7.77 метри.

Пласман во финалето обезбедија осумте најдобри од квалификациите, а првите четири на листата имаа скок над нормата од 8.00 метри, а другите четири скокачи се пласираа според резултатот. Во квалификациите настапија 17 атлетичари.

Финалето на програмата е утре – петок со почеток во 20:34 часот.