Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ја завршуваат сезоната во Лигата на шампионите, а во преполнетата сала во Битола ќе гостува францускиот првак ПСЖ. Битолчани се решени да одиграат уште еден квалитетен натпревар и со позитивен резултат да ја завршат Лигата на шампионите, каде досега по 13 натпревари освоија 8 бодови. Сепак ова бодвно салдо се покажа како недоволно за пласман во пласман во осминафиналето.

Дуелот против ПСЖ е празник за луѓето во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите светски екипи. Сакам да се заблагодарам на атмосферата во Лигата на шампионите оваа сезона. Навистина ги имаме најдобрите навивачи во Европа, салата е веќе распродадена за  в четврток и верувам дека фановите пак ќе бидат со нас. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. Знаеме дека ПСЖ ќе дојде мотивиран во Битола, бидејќи важно им е да завршат второпласирани во групата и директно да се пласираат во четвртфинале. Ќе дојдат во најсилен состав и со мотив да победат, изјави Урош Борзаш.

Со слично размислување е и голманот од Хрватска, Филип Ивиќ:

Натпреварот нема големо значење за нас, но мора да го оставиме срцето на терен, посебно заради прекрасната публика која ни дава поддршка цела сезона. Салата пак е распродадена што е убаво да се чуе. Сезонава играме многу добро во Лигата на шампионите, собравме осум бодови, така да ветувам дека ќе оставиме срце на терен. ПСЖ е една од најдобрите европски екипи, многупати сум играл против овој тим и добро ќе се подготвиме. На последните натпревари покажавме дека можеме да играме против големите екипи и со добра тактика во нападот и борбеност во одбрана, верувам во квалитетен натпревар. Овој натпревар треба да ни биде награда за оваа сезона и за тоа што собравме осум бодови во квалитетно одиграни натпревари. За нас овој натпревар има големо значање и сакаме да покажеме дека никој не е фаворит во Битола.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.