Денес во Апелдорн (Холандија) започнува Европското Првенство во атлетика во сала.

Единствен претставник од Македонија ќе биде нашиот атлетичар Андреас Трајковски во скок во далечина.

Андреас ќе скока во квалификациите, а за влез во финале ќе биде потребно да е меѓу најдобрите 8 од 17 скокачи. Тој во моментов е на 31 место на Европската и 87 место на Светската ранг листа.

Неговиот личен и Македонски рекорд во сала е 7.79 метри, а неговиот најдобар скок оваа сезона во сала е 7.72 метри.

„Се чувствувам добро и возбуден сум што ќе скокам денес и ќе ја претставувам Македонија на моето прво Европско првенство во сала.

Целта е да се пласирам во финалето, ќе биде тешко, но на првенствата се е можно“, е изјавата на Андреас.

Квалификациите се закажани за вечерва со почеток во 20.30 часот.