Во Првата македонска фудбалска денеска ќе се играат натпреварите од 22.коло, последно од втората етапа на сезоната.

Реконструкцијата на тревникот на арената „Тодор Проевски“ е причината поради која Работнички и Вардар нема да играат на најголемиот стадион. Дуелот на градските ривали ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.

Двата тима се на спротивните страни на табелата. Работнички е во трка за шампионскиот трофеј, а Вардар се боди за опстанок. Затоа трите бода се императив за двете екипи.

Актуелниот првак Струга Трим Лум веќе ја губи трката со конкурентите за трофејот. Стружани се дури петти на табелата со заостанување од 14 бодови зад лидерот Шкендија, против која играат денеска.

Интересно се очекува да биде и на останатите натпревари, бидејќи екипите од долниот дел на табелата се во разлика од само осум бодови.

Сите натпревари почнуваат од 14 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА