„Титулата“ најмлади играч кој заиграл на терените на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) му припаѓа на Дашмир Елези. Тој имал 16 години (1 ден), во ноември 2020 година кога дебитирал против Шкупи. Елези се најде во почетниот состав каде при крајот на првото полувреме постигна и гол. Денес Елези настапува за Приштина во Косово, беше дел од младинските репрезентации на Македонија. За Шкендија во #1МФЛ настапи на 78 натпревари на кој постигна 12 гола, еднаш беше шампион (20/21).
Пет сезони претходно, „дијамантот“ на Македонија, Елиф Елмас, го имаше своето деби за Работнички на 16 години (10 дена). На Арената „Тодор Проески“ против Металург Скопје влезе при крајот на натпреварот. Во дресот на „романтичарите“ проведе две сезони, каде настапи на 44 натпревари во ПМФЛ на кој постигна седум гола. Моментално Елмас е член на сениорската репрезентација на Македонија и на клупско ниво настапува за италијански Торино.
Оваа сезона, младиот напаѓач на Воска Спорт, Дитмир Хоџа, исто како Елмас (16 г – 10 дена), дебитираше во Кавадарци во месец август, досега за охриѓани настапи на седум натпревари во ПМФЛ, член е на младинската репрезентација на Македонија до 17 г.
Покрај нив тука се:
Марио Наумоски (16 г – 11 дена), Един Скендеровиќ (16 г – 18 дена), Мухамед Елмас (16 г – 27 дена), Мартин Алексов (16 г – 1 месец), Дарко Велковски (16 г – 1 месец), Марио Настевски (16 г – 1 месец), Агон Елези (16 г – 2 месеци), Адмир Љатифи (16 г – 2 месеци), Азис Јамини 16 г – 2 месеци), Дамјан Шишковски (16 г – 2 месеци), Мартин Јовановиќ (16 г – 2 месеци) и т.н.
Последен кој го имаше своето деби е Анди Исмаили (16 г – 2 месеци), кој овој викенд за Шкупи влезе во игра и одигра шест минути.