Со денешниот натпревар меѓу Алкалоид и Пролет 62 што се игра во салата во Автокоманда со почеток во 18 часот старуваат натпреварите од 20-то коло од Супер лигата. По поразот во понеделникот во Битола за тимот на Кирил Лазаров ова ќе биде натпревар за враќање на победничката патека и се очекува сигурна победа над градскиот ривал, кој се наоѓа на седмото место на табелата, но со бодовна разлика која го одалечува од плеј офот.

Во сабота се играат четири натпревари од оваа рунда. Вардар го пречекува Тиквеш во дербито на колот кое се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 15 часот, додека во терминот од 18 часот се играат два натпревара во кои домашните екипи се фаворити Бутел против Фруит Ленд Борец и Охрид против МРК Куманово. Последниот саботен дуел се игра во Прилеп меѓу истоимената домашна екипа и Струга со почеток во 18:30 часот.

Последниот натпревар од оваа рунда се игра в недела. Радовиш ќе биде „домаќин“ на Еурофарм Пелистер во Битола, а почетокот на дуелот е во 13 часот.

СУПЕР ЛИГА – 20.КОЛО 

28.февруари (петок) 

18:00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 62

1.март (сабота)

15:00 ВАРДАР – ТИКВЕШ

18:00 БУТЕЛ – Ф.Л. БОРЕЦ

18:00 ОХРИД – МРК КУМАНОВО

18:30 ПРИЛЕП – СТРУГА 

2.март (недела)

13:00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (се игра во Битола)

Табела: Е.Пелистер 34 бодови, Алкалоид 34, Вардар 34, Охрид 28, Тиквеш 22, Бутел 20, Пролет 62 15, Прилеп 14, МРК Куманово 10, Ф.Л.Борец 7, Струга 6, Радовиш 4.