Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со вечерашниот пораз од 39:29 на гостувањето во Берлин остана без шанси за пласман во осминафиналето од Лигата нашампионите. Директните конкуренти (Висла и Динамо Букурешт) за место во завршницата имаат два бода повеќе во пресрет на последното коло, но и подобра гол разлика во меѓусебните дуели.
Вечерашниот дуел со Фуксе Берлин, битолчани го почнаа со водство од 1-0, но потоа следуваше серија од седум голови за бундеслигашот и водство од 7-1 што на крајот се покажа како недостижна предност. Со подобра игра во завршницата на првиот битолчани намалија на 15-12 на полувреме. Во вториот дел германскиот престваник во финишот ги казнуваше грешките на Е.Пелистер и стигна до највискоите +10 (37:27) во 55.минута.
Најефикасен на дуелот беа Гидсел и Лангхоф со по 9 голови, додека кај Е.Пелистер најефикасен беше Кузамановски со 7 голови.
Еурофарм Пелистер во последното коло од групата следниот четврток на домашен терен ќе игра против ПСЖ.





































