Додека во прволигашката кошаркарска конкуренција, е пауза поради обврските на репрезентацијата, второлигашите го одработија 15-тото коло.
Оваа рунда мина без изненадувања, па фаворитите впишаа по два нови бодови.
Водечкото трио, Соколи, Маџари и Ангели славеа победи во дуелите со Охрид, Струмица ФМП и Црн Дрим.
Лидерот на табелата, Соколи се намачија во дуелот со Охрид, кој беше блиску до изненадување. Сепак штипјани успеаја да ја сочуваат големата пред создадена во првите три периоди и на крајот да слават само со три поени разлика.
Ангели го надиграа струшкиот Црн Дрим со 48 поени разлика. Токму благодарение на кош разликата сега тие се втори пред Маџари кој славеше над Академија ФМП со 20 разлика. Убедлив триумф во ова коло оствари и тимот на Бутел со 40 разлика во дуелот со последно пласираниот Работнички 20218.
До нова убедлива победа стигна и младиот состав на Водно Санс и тоа на гостувањето во Прилеп, па сега дополнително ја замрси борбата за позициите што водат во плејофот.
Следното коло носи големо дерби, кое ќе се игра во Штип каде Соколи ќе го пречекаат составот на Маџари.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – резултати 15.КОЛО
ОХРИД – СОКОЛИ 82-85
АНГЕЛИ – ЦРН ДРИМ 124-76
МАЏАРИ – СТРУМИЦА ФМП 91-71
МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС 75-99
БУТЕЛ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-51
БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 90-93 по продолжение
ТАБЕЛА: Соколи 28 бодови, Ангели 27, Маџари 27, Борец баскет 24, Црн Дрим 24, МЗТ Скопје У.Б. 23, Бутел 22, Охрид 20, Мега баскет 20, Водно Санс 20, Струмица ФМП 18. Работнички 2018 17.
СЛЕДНО 16.КОЛО
Сабота / Недела – 1-2 март
СОКОЛИ – МАЏАРИ
СТРУМИЦА ФМП – АНЕЛИ
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ОХРИД
РАБОТНИЧКИ 2018 – МЕГА БАСКЕТ
ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ
ЦРН ДРИМ – БУТЕЛ