Кошаркарите на Маџари се новиот лидер, засега, во второлигашката конкуренција.

Ова откако Маџари славеше убедлива победа со 20 разлика во дуелот со Струмица ФМП, а во рамките на 15-тото коло. Скопската екипа сега е нов лидер на табелата, ви исчекување на денешниот дуел меѓу на Соколи на гости кај Охрид.

Уште по убедлив беше Бутел кој со 40 разлика го совлада Работнички 2018. Затоа пан неизвесен натпревар одиграа Борец баскет и МЗТ Скопје У.Б , а победија аеродромци по продолжение.

Покрај натпреварот во Охрид денеска се играат уште два меча.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО

Недела
16.00 АНГЕЛИ – ЦРН ДРИМ
19.00 ОХРИД – СОКОЛИ
20.30 МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС
Сабота
БУТЕЛ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-51
БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 90-93 по продолжение
МАЏАРИ – СТРУМИЦА ФМП 91-71