Женската сениорска ракометна репрезентација на Макеоднија во на полетокот на март месец ќе одигра два контролни натпревари против Срнија.
Во рамки на ЕХФ недела, македонските ракометарки ќе гостуваат во Бор, каде на 7 и 8 арт ќе ги играат дуелите со Србинките.
Селекторот Кристијан Грчевски денеска го објави списокот од 20 ракометарки на кои ќе смета за овој двомеч.

Собирот на селекција е закажан за 3 март (понеделник) во 09.30 часот во малата спортска сала на СЦ „Јане Сандански“.
Дуелите против Србија ќе бидат дел од подготовките за баражот против Полска. Преку Полска ќе се брка настап на Светското првенство.
Ивона Кимовска