Одбојкарките на Фит Фан волеј се последните што обезбедија пламна на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Во последниот меч од четвртфиналето скопската екипа по голема борба и пресврт славеше над Пелистер со 3-0 во сетови.

Во мечот што траеше два часа, гостинките од Битола имаа водство од два сета, убедлива предност во решавачкиот, но не ја сочуваа. Пелистерки ги добија првите два сета со 21:25 и 17:25. Сепак домашните одбојкарки не се откажаа ги добија следните два (25:15 и 25:18) и се изборија за решавачки. Во него Пелистер водеше со 8:3 и 12:8. Се чинеше дека зелено-белите се на праг до полуфинале, но повторо неверојатен „кам-бек“ на скопјанки. Со серијата од 7:0, екипата на Фит Фан волеј го доби сетот со 15:12, а мечот со 3-2.

Така оваа екипа го комплетира квартетот што ќе се бори за трофејот во националниот Куп. Вчера пласман во полуфиналето обезбедија шампионот Работнички, екипата на Јанта волеј и струмичкиот тим Наковски волеј.