Во женската ракометна Супер лига, денес и утре, ќе се одигра 5-то коло од плеј-офот, кое носи два интересни дуели.
Првиот натпревар ќе се одигра денес, Вардар ќе се сретне со екипата на Чаир. Средбата е закажана за 17:00 часот во спортската сала „Круме Кепески“.
Во вториот дуел од денешната програма, Куманово ќе го пречека Астибо во „Перо Наков“ со почеток во 19:15 часот. Куманово е фаворит во овој меч и ќе се бори за победа пред домашната публика, додека Астибо ќе се надева на изненадување на гостински терен.
Последниот натпревар од 5-то коло ќе се одигра утре, кога Ѓорче Петров ќе го пречека Металург Автокоманда. Натпреварот е закажан за 16 часот во Автокоманда и ќе биде клучен за тимовите кои се во трка за високите позиции во плеј-офот.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 9 бодови, Металург Автокоманда 7, Чаир 7, Вардар 4, Куманово 1, Астибо 0.
Ивона Кимовска